Премиерлигата ги објави имињата на седумте играчи кои ќе се тркаат за наградата најдобар играч на сезоната. Листата ја предводат играчи од Манчестер Сити, Арсенал каде има по двајца, а по еден има од Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл.
Ерлинг Халанд ја предводи листата како најсериозен кандидат за наградата, а номиниран е и неговиот соиграч Кевин де Брујне. Од Арсенал номинирани се Мартин Одегард и Букајо Сака. Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, Хари Кејн од Тотенхем и Киран Трипие од Њукасл.
Англиските фанови веќе сметаат дека Халанд ќе ја доби наградата, кој во својата прва сезона во Англија урна бројни рекорди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА