Премиерлигата нема намера да ја слуша ФИФА за новиот метод на судиски продолженија

Премиерлигата нема намера да ги следни новите упатства на ФИФА за продолжение на натпревар, пренесуваат англиските медиуми. Англичаните ќе ги игнорираат сугестиите на „куќата на фудбалот“ и по завршувањето на Светското првенство во Катар ќе се вратат на „нормалното“ дополнување на изгубеното време.

Во Катар бевме сведоци на неколку невообичајно долги натпревари како оној помеѓу Англија и Иран кој траеше речиси два часа (118 минути) како резултат на барањето на ФИФА до судиите на построг начин да го додаваат изгубеното време во текот на мечот.

Тоа резултираше со просек од 102 минути и 42 секунди по натпревар во првото коло од Мундијалот, нешто што не им се допадна на голем број навивачи. Покрај тоа има и загриженост за дополнителни повреди во веќе напорната сезона.

Се вчитува...