Премиерлигата објави за двајца нови фудбалери позитивни на коронавирус, но лигата ќе продолжи

Англиската Премиерлига објави дека по последните тестирања утврдени се двајца нови фудбалери, од два различни клуба, позитивни на коронавирусот.

„Од вкупно тестирани 1.200 играчи и членови на стручните штабови на клубовите утврдено се два позитивни случаи во два различни клуба“ – се вели во соопштението од Премиерлигата.

Но, истовремено Норвич потврди дека еден нивни фудбалер е позитивен на Ковид-19, кој ќе биде префрлен во самоизолација седум дена пред повторно да биде тестиран.

Како и да е, Премиерлигата се враќа во среда со првите натпревар од март кога беше прекината. Астон вила против Шефилд јунајтед и Манчестер сити против Арсенал се првите натпревари по паузата.

Се вчитува...