Премиерот Заев и владина делегација ги пречекаа фудбалерите: Не направивте горди, покажавте колку е спортот моќен (ФОТО+ВИДЕО)

Владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев а придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, во раните утрински часови ги пречекаа македонските репрезентативец на граничниот премин со Косово, Блаце, по историската победа во Грузија и пласманот на ЕП.

Поради маглата во главниот град фудбалската експедиција од Тбилиси принудо слета во Приштина, па од премиерот беше пречекана на Блаце.

„Не направивте навистина горди, сите граѓани на нашата земја. Покажавте колку е спортот моќен, обединувачки фактор и вистински промотор на земјата. Секој наш граѓанин, секој наш град и населено место беа обединети по огромната радост која ни ја приредивте. Еден гол во Тбилиси, една победа и една огромна радост за сите нас. И нашиот сон се остварува кога сите вие Македонци, Албанци, Турци така обединето ги браните боите на црвено-жолтиот дрес. Ви благодариме што не направивте среќни во овие тешки времиња“ – им се обрати премиерот Заев на фудбалерите  и селекторот Игор Ангеловски.

Од името на целата репрезентација и ФФМ, пак, за пречекот се заблагодарија Горан Пандев, селекторот Игор Ангеловски и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Овие момци се нашите херои. Ни приредија огромна радост подарувајќи ни историјата која долго ќе се памети. Но, и тие и ние како федерација сигурно не застануваме тука. Желбата е и во иднина да има уште многу успеси“ – истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Се вчитува...