Фудбалерот на Бетис, Антони, кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед, проговори за своите добри настапи во шпанскиот тим по пристигнувањето од Англија. Бразилецот доби многу критики во Англија, во Бетис бележи одлични настапи, откако постигна три гола, и три пати по ред беше прогласен за играч на мечот.
Во неделата, крилниот фудбалер постигна гол во победата од 3-0 над Реал Сосиедад во Ла Лига.
„Многу сум задоволен од начинот на кој го одигравме натпреварот. Знаевме дека е навистина важно да победиме, и да добиеме самодоверба. Мислам дека главната работа е да се биде среќен. Јас сум тука и се работи само по себе. Многу сум среќен што постигнав гол и му помогнав на Бетис. Ни требаа овие три бода дома и мораме да останеме фокусирани за да продолжиме да победуваме“, изјави фудбалерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА