Пресврт: Кари најверојатно ќе биде подготвен уште на стартот од плеј-офот

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари најверојатно од самиот старт ќе биде подготвен за серијата против Денвер Нагетс во плеј-офот од Западната конференција во НБА лигата.

Најдобриот шутер во историјата на играта, поради повреда на стапалото не играше на последните 16 натпревари од регуларниот дел од сезоната. Тој се повреди на мечот против Бостон Селтикс.

Меѓутоа, опоравувањето тече по планот, па иако имаше информација дека може да ги пропушти првите два натпревари од серијата против Денвер, американските медиуми сега излегоа со информација дека тој ќе биде подготвен од самиот старт.

 

Се вчитува...