Одлуката за отказ на Мајкл Карик долго време беше најавувана како прашање на ден по последното фијаско и домашниот пораз од Борнмут. Токму затоа, огромно е изненадувањето по денешната информација дека управата на „црвените ѓаволи“ решила да му даде последна шанса на Карик, па тој сигурно ќе го води тимот на претстојното дерби со Челси што е на програмата следниот викенд.
Карик го водеше денешниот тренинг на Манчестер јунајтед свесен дека крајот му се ближи, но токму утринскиот состнаок на највисоката управа донел голем пресврт. Сопственикот Џим Ратклиф долго разговарал со Имар Берада и со Џејсон Вилкокс, по што водечкото трио на гигантот од „Олд Трафорд“ донело одлука со која ја шокираше јавноста – да го задржи Карик.
На младиот стручњак му било ставено до знаење дека следното дерби со Челси му е последна шанса да докаже дека може да најде излез од резултатската криза, па останува да се види како Карик ќе се обиде да го разбуди тимот што делуваше безидејно на последните натпревари.
Исто така, интересно ќе биде да се види и одлуката околу Бруно Фернандеш, откако капитенот на Јунајтед јавно го критикуваше тренерот по поразот од Комо, па потоа последниот меч против Борнмут го следеше од клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
