Пресврт – Клатенбург ќе остане во Англија до крајот на сезонава

Иако веќе постигна договор за преселба во Саудиска Арабија, Марк Клатенбург сепак ќе остане во Премиер-лигата до крајот на оваа сезона. Денеска оваа информација ја пренесоа неколку британски медиуми, според кои Клатенбург има договор со Здружението на професионални судии во Англија до крајот на сезонава. Одличниот арбитар инсистирал да си замине што поскоро во Саудиска Арабија, каде е договорен за плата од 500.000 фунти годишно, но Англичаните инсистирале тој да остане до истекот на договорот.

Според најновиот развој на настаните, Марк Клатенбург ќе суди уште најмалку четири натпревари до крајот на сезонава, по што и дефинитивно ќе си замине од татковината.

Клатенбург ќе ја преземе улогата на координатор на судиската организација во Саудиска Арабија, при што главна обврска ќе му биде подобрување на судењето и образование на младите арбитри. Тој на оваа функција ќе го наследи Хауард Веб, кој си замина од Саудиска Арабија прифаќајќи идентична улога во американската МЛС лига.

Се вчитува...