Пресврт: Модриќ останува во Реал Мадрид и по оваа сезона?

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на почетокот на сезоната 2023/24 ја продолжи соработката со шпанскиот клуб до крајот на сезоната по што се очекуваше и конечно да замине од клубот на 38-годишна возраст. Гласините го преселија во Саудиска Арабија и Ал Наср каде повторно требаше да соработува со Кристијано Роналдо, но инсајдерот за „кралскиот“ клуб, Хозе Дијаз тврди спротивно.

Според новинарот на популарната „Марка“ Модриќ ќе остане во Реал Мадрид и по крајот на сезоната. И покрај тоа што годините беа проблем за „кралскиот“ клуб, преискусниот Хрват оваа сезона со добрата игра докажа дека тие се само број, а дека се уште има што да му понуди на клубот.

Покрај добрите настапи, Реал Мадрид во него гледа и менторска улога за „новата генерација“ па славниот шпански клуб не е сака да го загуби. Сепак последната одлука ќе ја има самиот Модриќ.

Се вчитува...