Пресврт на „Олд трафорд“: Откако дојде Роналдо, Погба бара нов договор со Манчестер Јунајтед

На повидок е нов пресврт на „Олд трафорд“, а гласините велат дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сега сака нов договор со клубот откако во тимот се приклучи еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо.

Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува летото 2022 година, а претходно беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на играчот, но Манчестер Јунајтед нема намера да се раздели со него и има намера да го продолжи договорот.

За потсетување, во изминатиот период челниците на „црвените ѓаволи“ имаа големи маки за да го убедат Французинот да остане во Манчестер, па постојано имаше некои препреки за продолжување на меѓусебната соработка, сепак, работите сега се менуваат на среќа и задоволство на фановите на Јунајтед, Погба изразил желба да ја продолжи кариерата заедно со Кристијано Роналдо.

Конкретни информации за потпишување на нов договор меѓу двете страни се очекува во периодот кој следува.

Се вчитува...