Пресврт: Не во Манчестер, Покетино се сели во Мадрид

Маурисио Покетино чека ангажман во Реал Мадрид, но тоа ќе зависи од патот во Лигата на шампионите на „кралевите“ и иднината на Карло Анчелоти. Добро е познато дека во овој тим не е доволно да се освои само шпанскиот шампионат, туку се бара од нив секогаш Лигата на шампионите. Доколку Анчелоти биде сменет, тогаш многу веројатно е дека Покетино ќе биде идниот тренер на Реал.

Покетино е голема желба на Манчестер Јунајтед и тоа со месеци не е тајна. Шансите му растат, со оглед дека Ралф Рангник е само привремено решение, и многу веројатно ќе си замине по крајот на сезоната.

Претходните денови многу се пишува за заминување на Анчелоти, особено по изданието во Париз и поразот од ПСЖ, а веројатно шансите за заминување ќе се зголемат по евентуална елиминација од францускиот клуб.

Покетино на лето 2018 година го одби Реал Мадрид, кога првпат отиде Зидан, што на крајот се покажа како вистински потег. На негово место во Париз треба да дојде Зинедин Зидан.

Се вчитува...