Чави ја поништи одлуката за заминување од Барселона на крајот на сезоната на големо задоволство на навивачите на каталонскиот тим. Легендата на клубот најави заминување во месец јануари, но добрите настапи на тимот при самиот крај на сезоната го променија неговото мислење.
А, со останувањето на Чеви се очекува тимот да го продлжи договорот и на капитенот Серхи Роберто. Чави е презадоволен од неговата улога во тимот. И покрај тоа што не добива шанса за настап на секој натпревар, неговото лидерство во соблекувалната е нешто што младиот стратег многу го цени.
Продолжувањето на соработка ја најави и самиот Роберто, кој претходно истакнуваше дека е решен да си замине за нов предизвик во кариерата. „Пресреќни сме што Чави ќе остане. Со него овој тим може да се бори за секоја можна титула“, изјави 32-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА