Пресврт: Ристовски и соиграчите ќе играат против Пакош Фереира

Спортинг Лисабон ќе настапи со својот најсилен тим на денешниот натпревар против Пакош Фереира откако претседателот и фудбалерите седнаа на заедничка маса по големиот конфликт што резултираше со суспензии за Македонецот Стефан Ристовски и уште 18 фудбалери на Спортинг.

Претседателот Бруно де Карвалјо најпрвин жестоко критикваше, најавувајќи дека против Пакош ќе се настапи со младинци, но набрзо му беше укажано дека за неколку дена следи реваншот од Лигата на Европа против Атлетико Мадрид, на кој Спортинг би имал само шестмина регистрирани играчи во УЕФА доколку суспензиите останат на сила.

Ова придонесе да биде организиран состанок во Лисабон на кој двете страни седнаа на заедничка маса. Како што јавуваат португалските медиуми, недоразбирањата воопшто не се надминати, но барем бил постигнат договор суспензиите да бидат тргнати, а Спортинг денеска да настапи со својот најсилен тим.

Се вчитува...