Пресврт! Србија одбра нов селектор, се враќаат и „отпишаните“ браќа

Фудбалската репрезентација на Србија, сепак, ќе добие нов селектор. Иако вчера се шпекулираше дека Зоран Мирковиќ ќе остане на кормилото на репрезентацијата за следните мечеви со Англија во Лондон и со Летонија на домашен терен, сепак, тоа нема да се случи.

Српскиот фудбалски сојуз наводно постигнал договор со доскорашниот тренер на Овиедо, Вељко Пауновиќ да ја предводи селекцијата. Тој ќе го замени Драган Стојковиќ кој поднесе оставка после поразот од Албанија.

Пауновиќ одамна е споменуван за селектор, со оглед дека со селекцијата до 20 години во 2015 година го освои Светското првенство. Голем дел од таа генерација и сега играат за репрезентацијата.

Неговото доаѓање ќе значи и враќање на неколку ѕвезди. Пред се тука се мисли на браќата Милинковиќ-Савиќ, потоа Душан Тадиќ. Се очекува Пауновиќ да тргне и по услугите на Стефан Бајчетиќ, кој порано ја одбра Шпанија, но не дебитирал за „Фуријата“.

Пауновиќ наскоро ќе потпише договор на две години со српскиот фудбалски сојуз.

Се вчитува...