Пресврт во „5 до 12“: Керик смета на Рашфорд следната сезона

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на прагот да се предомисли и да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед . До неодамна ставот на крилниот напаѓач беше цврст – дека повеќе нема да игра за „Црвените ѓаволи“.

Неговата желба беше трајно да остане во Барселона , каде што играше како позајмен минатата сезона, но Каталонците одбија да ја искористат опцијата да ги откупат неговите права за 30 милиони евра. Интерес покажаа и Њукасл, Тотенхем, Челзи, Астон Вила и Баерн Минхен, но во моментов нема конкретни понуди од овие клубови.

Рашфорд моментално е во Соединетите Американски Држави со репрезентацијата на Англија, но според „Сан“, менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик, бил во постојан контакт со него во последните недели и се обидувал да го убеди дека може да ја продолжи кариерата во клубот.

Последниот натпревар на напаѓачот за неговиот домашен тим беше во декември 2024 година против Нотингем Форест. Тој има договор до јуни 2028 година, а Карик го уверил дека е добредојден назад на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...