Пресврт во Барселона: Дембеле се премислува поради Чави

Управата на Барселона во зимскиот преоден рок сакаше да потпише нов договор со Осман Дембеле, а откако претставниците на фудбалерот ја одбија понудата, му се заканија со суспензија и префрлање на „трибините“, но сега повторно сакаат да преговараат околу договорот.

Тренерот на каталонскиот тим, Чави Ернандез кој со доаѓањето на местото на Роналд Куман, ја препороди екипата, не се согласуваше со ставот на управата и не сакаше да се откаже од Дембеле. Сега се премислува и самиот Дембеле, кој е воодушевен од поддршката од новиот тренер и од соиграчите, пред се од Обамејанг кој јавно му искажа поддршка во изминатиот период.

„И понатаму сме отворени за преговори, Осман Дембеле ги знае нашата понуда и желба, а тоа е да остане во Барселона.Се надеваме дека на крајот од сезоната ќе размисли уште еднаш за својата одлука“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Осман Дембеле е воодушен од работата на Чави и односот кој тренерот го има кон него. Наводно, Дембеле им рекол на најблиските пријатели дека за прв пат откако е во Барселона, почувствувал дека и припаѓа на екипата како и дека тренерот го разбира и му верува и извлекува максимум од неговите квалитети.

Француските медиуми пак тврдат дека Дембеле чиј договор со Барселона му истекува на крајот од сезоната, не потпишал ниту преддоговор ниту договор со идниот клуб.

Се вчитува...