Пресврт во Мадрид: Бејл останува, доаѓа Ван де Бек

По состанокот на челниците на Реал Мадрид со Зинедин Зидан конечно е позната насоката кон која ќе се движи Реал Мадрид до крајот на предниот рок.

Јасно е дека Хамес Родригез ќе го напушти клубот, и најверојатно по негова желба ќе се пресели во Атлетико Мадрид. Кога е збор за Иско и Асенсио за нив се чекаат понуди, додека Себаљос оди на позајмица во Арсенал.

И, она клучното… Иако цело лето се зборува за заминување на Герет Бејл, тој на подготовките покажа дека може да биде од корист за тимот и го промени размислувањето на Зинедин Зидан кој сега побарал да остане во клубот.

Веќе е најавено и доаѓањето на фудбалерот на Ајакс, Ван де Бек зад кого е извонреднa сезона.

Се вчитува...