Пресврт во Палермо – Зампарини повторно е претседател

Маурицио Зампарини повторно застана на чело на Палермо откако контроверзниот претседател ја врати власта над сицилијанскиот клуб по неуспешната продажба на конзорциумот предводен од Пол Бакалјини. Зампарини, кој е познат во јавноста по навиката да менува по неколку тренери во една сезона, обелодени дека преговорите со Бакалјини се завршени откако конзорциумот на потенцијалниот нов претседател не ја уплатил сумата што била договорена.

Не ги добив парите, ниту пак имам гаранции за сериозноста на овој конзорциум кој неколку пати го прекршуваше дадениот збор. Јас повторно ја преземам контролата, а целта ми е експресно да го вратам тимот во Серија А“ – изјави Зампарини.

Италијанските медиуми најавуваат дека првиот човек на Палермо на стартот од следната седмица ќе води преговори со агентот на Илија Несторовски, во обид да го убеди македонскиот голгетер да остане на Сицилија и да му помогне на тимот во битката за камбек во елитното друштво.

Се вчитува...