Пресврт во Прилеп: Шкендија со голот на Шаља поведува со 1-2 (ВИДЕО)

Пресврт во Прилеп веднаш на стартот од второто полувреме. Шкендија поведува со 1-2 со погодокот на Шаља во 53. минута од средбата.

По акцијата на Стојановски кој нафрли до Дориев на вториот дирек, офанзивецот на Шкендија враќа пред голот на Победа каде натрчува Шаља и од непосредна близина сместува во празната мрежа.

Се вчитува...