Претепана поранешна светска шампионка во атлетика

Поранешната светска шампионка во седмобој, Јунис Бабер, доживеала вистинска непријатност во воз oткако пијан маж ја удрил во лицето, пренесува Франс прес.

Во Париз, за ​​време на возење со воз, Бабер побарала еден човек да биде тивок, по што избил инцидент. Пијаницата ја удрила двапати по лицето и таа се здобила со полесни повреди, а со еден од ударите и ја напукнал и јаболчницата.

Полицијата веднаш реагирала и го уапсила 43-годишниот маж, додека возот застанувал на станицата „Гар ду Норд“ во центарот на Париз.

Се вчитува...