Алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на француски Лил, Набил Бенталеб (30) се врати на фудбалските терени и постигна гол на својот прв натпревар по доживеаниот срцев удар додека играше фудбал во сала во јуни минатата година, поради што итно беше опериран и му беше вграден пејсмејкер.
Тој беше во индуцирана кома, а веројатноста дека никогаш повеќе нема да игра професионален фудбал беше многу голема. Животот на поранешниот играч на Тотенхем и Шалке најверојатно бил спасен бидејќи неговите пријатели го масирале неговото срце на теренот и му дошле на помош со дефибрилатор.
Француската фудбалска федерација му дозволи на Бенталеб да се врати на теренот во средата, а тој го комплетираше сензационалниот кам-бек со голот само четири минути откако влезе како замена во второто полувреме од мечот меѓу Лил и Рен (2:0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА