Пеп Гвардиола го напушти Манчестер Сити после 10 години, и остави зад себе клуб кој стана голем, а во меѓувреме освои многу титули во Англија, и пехарот во Лигата на шампионите.
Со Шпанецот на клупата, Сити сруши многу рекорди, освои многу трофеи, играа неверојатен фудбал, а во 2023 година стигнаа и до врвот на Европа, за првпат во историјата.
Пред десет дена, Гвардиола имаше збогување за кое многумина сонуваат, а сега претседателот на клубот, Халдун Ал Мубарак, проговори за заминувањето на Каталонецот.
„Морав да му помагам со години. Не кога сè одеше непречено, кога беше лесно, туку во предизвикувачки времиња. За 10 години имаше многу подеми и неколку падови. И во тие тешки времиња тој веројатно се закануваше дека ќе си замине 100 пати. Во случајот кога ќе каже дека заминува, тоа не значи дека навистина заминува. Не мора да го сфаќате премногу сериозно. Мора да знаете како да управувате со ситуацијата. Секогаш кога сакаше да замине, секогаш го убедував да се врати, но знаев дека еден ден ќе дојде моментот на разделба. Дојдовме до оваа година и знаев дека е оваа таа година. И затоа не се борев со неговата одлука. Знаев и јас, а мислам дека и тој знаеше, и затоа не се противев, затоа што знаев дека ова е единствениот пат кога рече дека ќе си оди, дека навистина го мислеше тоа“, изјави Ал Мубарак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
