Претседателот Макрон ги покани Паје и Кошчиелни на финалето на СП

Двајцата повредени француски репрезентативци, Димитри Паје и Лорен Кошчиелни, добија специјална покана од претседателот на Франција, Емануел Макрон, да бидат дел од неговата свечена делегација што ќе го следи финалето на Светското првенство утре на стадионот „Лужњики“ во Москва. Французите ќе ги одмерат силите со Хрватска, а Паје и Кошчиелни поради сериозни повреди не беа во можност да настапат на Мундијалот, иако одиграа значајни улоги во квалификациите за СП.

Францускиот национален тим по 20 години повторно е во финалето на Светското првенство, а селекторот Дидие Дешамп се надева дека генерацијата што сега ја предводи ќе ја достигне славата на неговата додека беше активен фудбалер. Во финалето на Мундијалот во 1998 година, Франција го совлада Бразил со 3-0, со двата гола на Зинедин Зидан и погодокот на Емануел Пети.

Се вчитува...