Претседателот Мукаетов им посака среќа на ракометарите (фотогалерија)

Првиот човек на Ракометната Федерција на Македонија, Живко Мукаетов, пристигна во СЦ „Борис Трајковски“ на вечерашниот последен тренинг на нашиот национален тим за да им посака среќа на репрезентативците во пресрет на почетокот од ЕП 2018.

Иако ќе биде предводник на делегацијата и во Хрватска, Мукаетов и пред самото поаѓање издвои дел од своето време за да им посака многу успех на Раул Гонзалес и неговите избраници, кои максимално подготвени утре наутро ќе полетаат кон Загреб.

Се вчитува...