Претседателот на Барселона по дебаклот: Горд сум…

Барселона испадна во четвртфиналето од кралскиот Куп откако загуби од Атлетик Билбао со 1-0. Единствениот погодок за тимот од Билбао го постигна Инаки Вилијамс во третата минута од судиското продолжение.

По болниот пораз се огласи и претседателот на Барселона, Жозе Марија Бартомеу со изненадувачка порака…

„Разочаран сум поради незаслужената елиминација, но горд сум на амбициите и пристапот кој го покажавме. Му честитам на Атлетик на победата, но и на нашите навивачи кои дојдоа тука да не поддржат. Имам целосна доверба во стручниот штаб и во играчите кои до крај ќе се борат за освојување на Ла Лига и Лигата на шампионите“ – се огласи синоќа Бартомеу.

Се вчитува...