Претседателот на Дортмунд се уплаши од конкуренцијата: Халанд е наша гол-машина, ќе разговараме со неговиот татко

Претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, најави дека претставниците на клубот ќе разговараат со Ерлинг Халанд и неговиот татко за продолжување на соработката.

Мино Рајола и Алф-Инге Холанд во четвртокот остварија средби со челниците на Барселона и Реал Мадрид, а беше најавено дека во наредните недели ќе разговараат со други клубови заинтересирани за младиот норвешки фудбалер.

„Ќе разговараме со Ерлинг, неговиот татко и Мина Рајола. Ние сакаме тој да биде среќен што останува, да постигне уште повеќе голови за Борусија следната сезона. Немаме алтернативен план“, рече Вацке.

Вацке даде и свој одговор за тоа дали Џејдон Санчо ќе остане во тимот следната сезона.

„Не сакам да зборувам предвреме. Санчо беше со нас многу подолго од Ерлинг. Ќе имаме разговор и со него. Ако добиеме неверојатна понуда, ќе разговараме со играчот и агентот, како и секогаш“, заклучи претседателот на Дортмунд.

Се вчитува...