Претседателот на Фиорентина со одлични вести: Сите 12 заболени во клубот се излечени

Не долго откако најпрво беше лиферувана информацијата дека првозаболениот од коронавирус во редовите на Фиорентина, Патрик Куртоне е излечен, претседателот на тимот од Фиренца носи уште добри вести.

„Пред три недели имавме 12 заразени лица од коронавирусот, и поголемиот дел не беа во добра состојба. Денеска, му благодариме на Бога, сите играчи се негативни по два теста“ – изјави Роко Комисио за „Радио Уно“.

Последните шпекулации зборуваат дека дека сите активности во Серија А би можеле да продолжат на 4. мај.

„Тоа е можно, но најпрво мора се да се земе во предвид. Здравјето секако е најважно. Разговараме со фудбалерите, секој мора да даде свој придонес“ – вели првиот човек на Фиорентина.

Се вчитува...