Претседателот на Работнички контра Наумоски: Шерифските закони не поминуваат

Еден од оние кои на синоќешното Собрание на МКФ водеа жестока битка со Петар Наумоски беше Ристо Гапиќ, претседателот на Работнички кој воедно и беше еден од подносителите за внесување на нова точка во дневниот ред, онаа за гласање на (не)доверба во работата на претседателот.

Видно разочаран од самоволието на актуелниот претседател, Гапиќ преку својот фејсбук профил му порача на Наумоски дека „џабе бега, кога ја нема поддршката од делегатите“.

Воедно, тој го потсети Наумоски на низата „гревови“ како претседател, понижувањето на судиската фела, уназадувањето на македонската кошарка и дволичноста кога станува збор за грижата за младинската кошарка од една, и зголемувањето на котизацијата од друга страна.

gapic print

Се вчитува...