Претседателот на Торонто: Демар извини, не мислев така!

Претседателот на Торонто репторс, Масаи Уџири и се извини на поранешната ѕвезда на екипата Демар ДеРозан поради лошата комуникација.

ДеРозан неодамна беше трејдован во Сан Антонио, со Џејкоб Пертл, во замена за Каваи Ленард и Дени Грин.

Веднаш по замената Демар јавно изрази незадоволството наведувајќи дека во организацијата го лажеле и на само два дена пред трансферот му тврделе од клубот дека нема да има такво нешто.

Претседателот Уџири подоцна разбра дека направил грешка во комуникацијата со ДеРозан.

„Разговарав со Демар за време на Летната лига и не можам да откријам многу детали. Разговаравме и мислам дека е моја грешка што не му појаснив што очекуваме од него во иднина. Не спомнав трејд и тука беше мојата грешка. Му се извинувам на Демар и неговото семејство поради недоразбирањето“ – вели Уџири.

ДеРозан преку социјалните мрежи истакна дека се чувствува предаден од Торонто, а поддршка му дадоа многу кошаркари како што се Ајзеа Томас, Теренс Рос, Демар Керол, Лу Вилијамс…

Да потсетиме, Демар ДеРозан им вети на навивачите на Торонто да не се грижат кога замина Крис Бош… Тој се согласи на намалување на платата кога го продолжуваше договорот за да клубот може да состави што подобар тим со нови засилувања и навивачите да бидат среќни. Секогаш беше максимално посветен на градот и на клубот, и на теренот и надвор од него. А, сега беше измамен токму од својот клуб!

Се вчитува...