Претседателот Пендаровски со честитка: Дејан, ти си нашиот олимписки херој

Македонскиот претседател Стево Пендаровски јавно му честиташе на олимпиецот Дејан Георгиевски за извонредниот успех, откако нашиот таеквондист го освои сребрениот медал на ОИ во Токио.

„Сребрениот медал вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски“, напиша Пендаровски во честитката до македонскиот ас.

Се вчитува...