Претставување на тимови: МЗТ Скопје има само една цел – продолжување на доминацијата

Пет дена не делат од почетокот на новата сезона во Првата лига во која МЗТ Скопје влегува како бранител на двојната круна. Аеродромци зад себе имаа мачна сезона во која во еден момент беа и на работ на елиминација од трката за прволигашката титула, но издвоената победа над Куманово во четвртфиналето даде елан на тимот на Радуловиќ со кој ја продолжи доминацијата на домашната сцена.

Покрај тоа на убелив начин беше освоен и Купот на Македонија, со надигрување на Работнички во самото финале, но сепак останува во сенка неубедливиот настап во АБА2 лигата каде трета година по ред аеродромци не успеаваат да изборат место во „елитата“ на „Јадранот“.

За новата сезона остануваат старите амбиции – освојување на секој трофеј дома и пласман во АБА1.

„Се измачивме со повреди во претсезоната и тоа ни е најголем проблем засега со недоволна воиграност и физика подготвеност. Имаме повредени играчи од настапите за репрезентацијата, подоцна се повредија и играчи на подготовките па во моментот далеку сме од оптимана форма и ќе биде потребно време да се синхронизираме. За слекцијата на тимот немам сомнеж дека е квалитетна. Селектиравме екипа со висок човечки и кошаркарски квалитет, имаме баш „европски“ тим, немаме тип на играчи кои практикуваат американска кошарка. Се надевам дека како што одминува сезона ќе фатиме ритам и ќе пружиме онаква кошарка каква што се очекува од нас“, изјави за ЕКИПА, тренерот Дарко Радуловиќ.

„АБА2 лигата оваа сезона ќе биде уште по тешка, но ние како тим повторно влегуваме со шампионски амбиции. Не можам да кажам дека МЗТ со сигруност ќе влезе во АБА, но можам да кажам дека ќе дадеме се од себе да влеземе во тој плејоф турнир и таму нормално ќе одиме натпревар по натпревар. Во однос на домашното првенствно ние сме МЗТ и јасно е дека влегуваме со најголеми абиции со цел да ги одбраниме трофеите. И оваа сезона ќе имаме конкурентно домашно првенство со неколку екипи кои ќе се борат за титула и ќе биде тешко да се игра против секого. Нема апсолутни фаворит ни оваа година“


МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона направи целосна промена на странците, а задржа дел од репрезентативците кои повторно ќе бидат лидери (Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Бојан Крстевски).

Од тимот заминаа: Иван Карачиќ, Хасани Гравет, Феми Олуџоби, Андрија Бојиќ, Филип Бакоч и Андреј Магдевски.

Нови засилувања се: Хуан Дејвис, Дастин Вер, Роберт Рикиќ, Дамјан Робев и Дарио Митевски кој беше прекомандуван од вториот тим.

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ: Топ 4

Кога станува збор за МЗТ Скопје и домашното првенство јасно е дека „сино-белите“ кои доминираат во последната деценија мораат да се сметаат за највисок пласман. Аеродромци се тимот со најголем број на репрезентативци па така се освен финале ќе се смета за неуспех. Но, оваа сезона поголемо ќе биде значењето на настапите во АБА2 лигата која од година во година има се поголем квалитет.

„Штрковите“ стигнаа до првиот трофеј оваа сезона со триумфот над Работнички во Суперкупот, но истиот натпревар даде и назнаки за слабостите, а и тоа дека овој тим има уште многу простор за напредок пред „финалниот производ“. Притоа МЗТ Скопје во следниот период ќе се засили со уште еден странец најверојатно на крилната или центарската позиција која во моментот е дефицитарна па ќе имаме и појасна слика за можностите.

Интересно ќе биде да видиме и како ќе функционира бековската линија по заминувањето на Андреј Магдевски каде ќе треба да се одрази Кристијан Николов. Репрезентативецот покажа дека е добар „пик“ играч во „црвено-жолтиот“ дрес, а очекувањата се слични и за нападите со Роберт Рикиќ.

Се вчитува...