Превентивни мерки во НБА – Нема новинари во соблекувалните

Поради епидемијата од коронавирус најсилната кошаркарска лига на светот, НБА одлучи да воведе превентивни мерки. Мерките кои на сила влегоа во понеделник подразбираат дека на новинарите им е забранет пристап во соблекувалните на тимовите.

„По консултација со стручните лица за заразни болести кои се грижат за јавното здравје и поради проблемите кои можат  да бидат поврзани со близок контакт на две лица, сите соблекувални и клупски простории ќе бидат отворени само за кошаркарите и вработените во нивните клубови. Медиумите ќе можат да разговараат со нив на други локации. И понатаму внимателно ќе ја пратиме ситуацијата и ќе преземеме неопходни чекори како би можеле да осигураме безбедно опкружување за сите“, се наведува во соопштението. 

Истите мерки на внимателност се воведени и во останатите три професионални спортски лиги во САД. За потсетување поради коронавирусот откажан е и тенискиот Мастерс во Индијан Велс.

Се вчитува...