Презимето Гвардиола го прогонува Реал

Реал Мадрид долги години имаше кошмари од Пеп Гвардиола додека трофејниот стратег седеше на клупата на Барселона. Денеска кошмар на „кралевите“ им приреди фудбалер со истото презиме, Серхи Гвардиола, кој спречи радост на Реал на дуелот со Валјадолид, постигнувајќи го израмнувачкиот гол за гостите во самиот финиш на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралскиот клуб“ долго се мачеше да го скрши отпорот на дисциплинираната гостинска екипа, но кога Бензема во 82. минута го отвори резултатот се чинеше дека трите бода ќе останат во Мадрид. Сепак, Валјадолид имаше поинакви планови, не се предаде, а по една одлична акција топката во шеснаесетникот стигна до Гвардиола, кој мајсторски ја смести во мрежата на Куртоа.

Се вчитува...