Прибак и Штербик во тимот на колото во ЛШ

Низата одлични интервенции на Арпад Штербик на дуелот против Барселона му го донесе на голманот на Вардар епитетот „најдобар голман во 5. коло од ЛШ“.

Заедно со Штербик во овој дрим-тим се најде и македонскиот репрезентативец Немања Прибак, кој одигра фантастично за Бешикташ против Мотор, постигнувајќи 13 погодоци.

Воедно, за најдобар десен бек избран е поранешниот „вардарец“, Алекс Душебајев, за неговиот одличен настап на дербито со Веспрем.

ДРИМ-ТИМ ЗА 5. КОЛО ВО ЛШ

Лево крило: Бастер Луј Јасен (Алборг)Лев бек: Мадс Менс Ларсен (Некар Левен)Среден бек: Немања Прибак (Бешикташ)Десен бек: Алекс Душебаев (Кјелце)Десно крило: Микел Дашек (Висла)Пивот: Николас Турна (Нант)Голман: Арпад Штербик (Вардар)

Се вчитува...