Тиквеш славеше над Македонија Ѓорче Петров во пријателски натпревар со 4-2. Мишов на двапати и по еднаш Христов и Тира беа стрелци на головите за тимот од Кавадарци, додека за „лавовите“ во листата на стрелци се запишаа Алексовски и Идризовиќ.
И двата тима во новата сезона влегуваат со големи очекувања. Македонија ЃП ќе се обиде да стигне до едно од местата кои водат во Европа, а и покрај тоа што првични очекувања за кавадарчани се опстанок во елитното првенство, од втор план ќе се обидат да бидат изненадување во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА