ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Благој Истатов сам го победи Пелистер, Саса загуби од Вихрен

Беласица запиша триумф од 2-0 против Пелистер на пријателскиот натпревар кој се одигра во Струмица.

Одлично издание на струмичани беше заокружено со двата гола на Благој Истатов кој погоди во 14. минута, на асистенција на Зоран Ивановски, и во 27. минута.

Следниот контролен натпревар кој е и последен пред почетокот на втората полусезона за Беласица е против Кожуф.

На гостувањето во Сандански, Каменица Саса загуби со убедливи 3-0 од бугарскиот Вихрен.

Се вчитува...