ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Брегалница поуспешна од Саса, Кит Го го победи Пелистер во Битола

Брегалница славеше со 2-1 (1-0) против Саса во последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

„Сините“ беа многу подобар противник на дуелот. По максималната иницијатива предноста од 1-0 дојде во 42. минута кога погоди Пепи Ѓоргиев на асистенција на Маневски, за предност на полувремето.

Во второто полувреме, Ѓорѓиев погоди и за 2-0 во 65. минута, на асистенција на Наумов. Гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Марио Станковски во 79. минута.

Брегалница на натпреварот против Саса настапи во следниот состав: Талески, Мирчевски, Д. Стојанов, Манев, Маневски, Миленковски, Бакрачески, М. Стојанов, Ацковски, Настевски и Ѓорѓиев. Уште играа: Давков, Стошиќ, Рунтев, Стојчевски, Наумоски, Цанев, Кудев и Наумов.

Фудбалерите на Кит Го на најдобар можен начин го завршија подготвителниот циклус, со победа на генералниот тест пред стартот на пролетта. Кит Го славеше со 0-1 на гостувањето против Пелистер во Битола.

Стрелец на победничкиот гол за Кит Го беше Дарко Алексовски во 68. минута од пенал, откако во домашниот шеснаесетник беше соборен Ступиќ.

Кит Го на денешниот тест дуел во Битола настапи во следниот состав: Деновски, Ѓоргиевски, Христов, Рајков, Димоски, Дујовски, Алексовски, Андонов, Пановски, Најдов и Ступиќ.

Се вчитува...