ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Кит Го убедливо против Кадино, и Скопје до триумф

Фудбалерите на Кит Го со убедлива победа од 0-3 (0-1) го завршија гостинскиот пријателски натпревар против Кадино.

Составот на Емил Грнев до предност дојде со голот на Зоран Андонов во првото полувреме, а во вториот дел стрелаа уште и Бошко Ступиќ и Стефан Мишев.

И Скопје запиша убедлив триумф од 4-0 (2-0) на тест дуелот против третолигашот Њу старс. Стрелци на головите за Скопје беа Иво Јанакиевски, Иван Настевски, Филип Јаневски и Владимир Жоглев.

ТЕТЕКС РЕМИЗИРАШЕ СО КАМЕНИЦА САСА

Тетекс, пак, ремизираше (2-2) со Каменица Саса. Стрелци на головите за „штофарите“ биле Димитар Иванов и Бојан Михајловски.

Се вчитува...