ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Силекс загуби од полскиот второлигаш Ресовија, Беса ремизираше со романски Оцелул

Фудбалерите на Силекс загубија на својот прв пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.

Кратовци загубија со 2-1 од полскиот второлигаш Ресовија Жешов, во меч кој беше решен во првото полувреме. Откако Полјаците поведоа со голот на Ајзенхарт во 25. минута, веќе во следната Силекс израмни. Но, во 45. минута со голот на Педро Виеира, Ресовија дојде до победата од 2-1.

Следниот пријателски натпревар на Силекс во Анталија е на 6. февруари од 15 часот против Сутјеска Никшиќ.

Фудбалерите на Беса, пак, ремизираа без голови на натпреварот со романскиот второлигаш Оцелул.

Се вчитува...