ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Ступиќ во гол-форма, Кит Го го победи Осогово

Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со одличните игри низ подготвителниот период, во голема мера и на извонредната гол-форма во која е искусниот офанзивец Бошко Ступиќ.

Ступиќ и на третиот тест дуел постигнува гол за пехчевци кои денеска на домашен терен славеа против Осогово со 1-0. Ступиќ беше стрелец на победничкиот погодок во 62. минута од натпреварот.

Кадино, пак, загуби на тестот од српскиот тим Раднички од Сремска Митровица со 0-2.

Се вчитува...