Пријателски натпревари: Тетекс со убедлив пораз од Арсими, Вардар уште еден меч без голови

Откако и официјално беше одложено првото коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, дел од второлигашите одиграа пријателски натпревари. Арсими од Чегране оваа сезона ќе дебитира, а како таков клуб приреди одлично изненадување откако славеше со убедливи 6-1 над Тетекс.

Ајрула со два гола и по еден на Алиу, Селими, Џемаил и Селими, „жолто-црните“ ја запишаа оваа убедлива победа. Во пријателски дуел меѓу Вардар и Локомотива немаше голови. Дуелот заврши со стартните 0-0.

Пријателски дуел имаше и меѓу градските ривали Воска Спорт и Охрид Лихнидос, Охриѓани триумфираа со 2-1. Беласица на домашен терен беше подобра од Кожуф со 2-1, додека Пелистер со минимални 1-0 славеше над екипата на Новаци.

Се вчитува...