ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Тиквеш ремизираше со Гостивар, Кожуф подобар од Беласица

На последниот пријателски натпревар низ зимските подготовки, Тиквеш ремизираше (1-1) со Гостивар на дуелот кој се одигра во Марена.

Стрелец на голот за кавадарчани беше Александар Мишов. За Тиквеш настапија: Игески, Наумчески, Делов, Вареловски, Илијовски, Наумоски, Лазаров, Балдовалиев, Ристовски, Мишов и Скендери. Во второ полувреме шанса добија: Мојсов, Илиевски, Трајкоски.

Во израмнет натпревар во Гевгелија, Кожуф ја победи Беласица со голот на Трајчевски во второто полувреме. При еден навидум безопасен напад на Кожуф, Јанкулов од аут дофрли до Зумровски кој во негов манир протури до Трајчевски кој биеше неодбранливо во десниот долен агол на Ѓоргиев за водство на Кожуф, што на крајот беше и доволно за победа на генералката.

За Кожуф на овој натпревар настапија: Ников, Бејков, Џонов, Петров, Каракамишев, Попов, Зумровски, Јаневски, Манасиев, Костадинов и Лазаровски, а играа уште и Трајчевски, Јанкулов Љ, Танов, Картов и Терзиев. Поради повреди надвор од составот беа Тодоров, Џинов и Стојковски. Екипата на Кожуф од клупата ја предводеше првиот помошник на Беќаров, Сашко Петков. На стартот на пролетниот дел Кожуф ќе патува во Радовиш на мегдан со Плачковица.

Фудбалерите на Охрид со триумф 3-0 (1-0) над Питу Гули ги завршија тест натпреварите во подготвителниот период.

Прилепска Победа славеше против Осогово со 3-1, а Слога Виница триумфираше на тестот против Кадино со 3-2.

Се вчитува...