ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Вардар подобар од Македонија ЃП, Шкупи славеше против Ал Батех

Вардар триумфираше со 0-2 на пријателскиот натпревар против Македонија ЃП кој се одигра во Ѓорче Петров.

На тест дуелот во кој двата тима настапија во комбинирани состави, „вардарци“ победија со головите на Попзлатанов и Адем.

Шкупи, пак, победи со 1-0 против Ал Батех од Обединетите Арапаска Емирати на тест дуелот на стадионот во Чаир. Стрелец на победничкиот гол беше Мухарем Бајрами.

Се вчитува...