Пријовиќ осуден на домашен притвор, ќе остане без 18 милиони евра

Српскиот фудбалски интернационалец Александар Пријовиќ беше ригорозно казнет за прекршување на забраната за време на пандемија, откако судот во Белград го осуди фудбалерот на три месеци домашен притвор. Пријовиќ во друштво на неколку пријатели го прекрши законот, а откако беше приведен и изведен пред судија, фактот дека станува збор за фудбалски репрезентативец не му беше од преголема помош при изрекување на пресудата.

Голгетерот ќе мора да ги мине следните три месеци во домашен притвор, што во неговиот случај може да значи и финансискаа загуба од 18 милиони евра. Имено, тоа е сумата што Србинот треба да ја заработи доколку го одработи до крај договорот со својот клуб Ал Итихад. Тој неодамна беше казнет од управата поради недисциплина, па нема сомнеж дека Ал Итихад сега ќе ја искористи казната на Пријовиќ за да го раскине договорот со него и да не му исплати ниту едно евро.

Александар Пријовиќ беше еден од тројцата уапсени во хотелот „Краун Плаза“ во Белград кои ја признаа вината и потпишаа договор со обвинителството, заедно со пеачите Митар Мириќ и Џани. Тие се осудени за кривично дело непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

Се вчитува...