Ракометарите на Прилеп стигнаа до првата победа сезонава во Суперлигата откако на гостински терен го совладаа Работнички со 29-34. Првото полувреме беше израмнето, а гостите во самиот финиш успеаја минимално да се одлепат и на пауза да заминат со позитива од два гола (15-17). Клучниот момент на натпреварот се случи во првата половина на вториот дел кога Прилеп стигна до највисоките плус седум (17-24) и до крајот успеа да ја задржи предноста за конечни 29-34. Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Чурлевски со шест гола, додека кај поразените се истакна Ален Ќосевски со осум погодоци.
Ракометарите на Бутел стигнаа до важен триумф на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш со 21-24. Домаќините пружија одличен отпор на фаворитот, кој до победата стигна во последната четвртина од мечот. Во првото полувреме домаќините одиграа одлично. Го држеа водството во текот на сите 30 минути и на полувреме заминаа со предност од плус три 12-9. Сепак во вториот дел заморот си го напраи своето, а бутелци уфрлија во повисока брзина и успеаја да направат целосен пресврт и во еден момент да стигнат и до највисоките на мечот плус пет (18-23). Разликата ја држеа до крајот на мечот за конечни 21-24. Феноменалната партија на Мирко Мајиќ кој постигна 13 гола беше клучна за триумфот на бутелци, а одличен беше и Димитар Ѓеоргиевски со 7 гола. Кај Тиквеш Јанчев, Медиќ и Симиќ мечот го завршија со по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА