Џеред Боувен е еден од ретките примери за „романтика“ во фудбалот откако офанзивниот ас покажа лојалност – останувајќи во Вест Хем и покрај испаѓањето на лондонскиот клуб од англиската фудбалска елита.
Тој постигна девет гола и 11 асистенции минатата сезона, Боувен веднаш доби неколку интересни понуди, но ги одби без многу размислување. Згора на тоа, офанзивецот денеска потпиша нов договор со „чеканите“ со нешто пониска плата што ќе ја добива во следната сезона поради намалениот буџет по испаѓањето од Премиер-лигата.
„Решив да останам. Главна мотивиација ми е да помогнам овој тим да се врати онаму каде што припаѓа – назад во Премиер-лигата. Испаѓањето ги болеше сите, разочарувањето беше големо, не можеме да го смениме тоа, но сега сакаме да реагираме на вистински начин и да го вратиме Вест хем во елитата“, изјави Боувен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
