„Приспивни“ 89 минути, па трилер-финиш меѓу Ватфорд и Лестер

Ватфорд и Лестер ремизираа 1-1 во првиот натпревар на денешната премиерлигашка програма, дуел што го одбележа суперинтересна завршница откако во 89 минути игра двете екипи повеќе размислуваа за сочувување на сопствената, отколку за тресење на противничката мрежа.

Ситуацијата се промени во 90. минута, кога левиот бек на гостите, Бен Чилвел, со извонреден удар од работ на шеснаесетникот го матираше домашниот голман. Ватфорд беше шокиран, но домашните фудбалери сепак успеаја да стигнат до израмнување откако Досон одлично се снајде во една мешаница и го најде патот до мрежата на Каспер Шмајхел.

Се вчитува...