Проблем: Двајца руски „вардарци“ се повредија пред Пик Сегед

Роберто Гарсија Парондо се соочува со неочекуван проблем откако двајца руски интернационалци од таборот на Вардар заработија повреди на дуелот со Унгарија. „Зборнаја“ загуби на домашен терен од Унгарците со 19-25, но многу позначајно за „вардарци“ е што Данил Шишкарев и Сергеј Горбок заработија повреди.

„Имаме многу проблеми со повредени играчи. Горбок се повреди, исто така и нашиот капитен Данил Шишкарев. Лекарите работат и ќе кажат колку ќе изнесува паузата, се уште не можам да соопштам дали тие ќе играат против Унгарија на 14 април“ – изјави рускиот селектор Едуард Кокшаров.

Интересно, Кокшаров покрај селекторската функција е и директор во Вардар, па сега ќе се соочи со притисок, дали да ризикува со ракометарите кои се многу важни за „црвено-црните“ пред двомечот со Пик Сегед во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Пик Сегед се игра на 25 април во Скопје, а реваншот е закажан за 5 мај во Унгарија.

Се вчитува...