Проблем плус за Брестовац – главниот „фараон“ се враќа против Македонија

Македонија денеска во 18 часот ќе се сретне со Египет во рамките од второто коло од групата на СП 2021, во обид да го поправи впечатокот по катастрофалното издание на премиерниот меч со Шведска.

Селекторот Данило Брестовац има проблем плус ако се знае дека „фараоните“ ќе бидат дополнително засилени за дуелот со Македонија, со враќањето на десниот бек Ахмед ал-Ахмар. Станува збор за играч кој со години наназад е меѓу лидерите во египетскиот национален тим, а неговото неиграње против Чиле во првото коло предизвика бурна реакција на јавноста.

Сепак, селекторот Парондо најави дека Ал-Ахмар ќе се врати на дуелот со Македонија, откако против Чиле не играл поради ситна повреда.

„Воопшто не стануваше збор за недисциплина или бришење на Ал-Ахмар. Тој имаше ситна повреда и заеднички решивме дека е најдобро да не ризикуваме со Чиле. Тој ќе биде во составот против Македонија и Шведска“, истакна Парондо во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...