Проблем плус за Пиоли: Бенасер на штаки си замина од „Сан Сиро“

Стефано Пиоли се соочува со нов сериозен проблем во пресрет на финишот од сезоната, откако по Рафаел Леао повреда заработи уште еден стандарден првотимец. Станува збор за Исмаил Бенасер, големиот борец на средината од теренот кој синоќа уште во раната фаза од дуелот со Интер се пожали на повреда и мораше да биде заменет.

Пиоли не сакаше да ризикува и направи измена уште во првото полувреме, но првичните прогнози воопшто не се оптимстички. Имено, Бенасер на штаки си заминал од стадионот „Сан Сиро“, за денеска се закажани детални прегледи, но само минимални се шансите тој да биде „фит“ за реваншот со Интер што ќе биде на програмата во вторник навечер.

Милан в сабота го очекува гостување против Специја, меч на кој мора да слави за да остане во игра за место во ЛШ за наредната сезона, а Пиоли дефинитивно нема да може да смета на Леао, Бенасер и на Ибрахимовиќ.

Се вчитува...